Гвардиола страда од „синдром на четврта сезона“

181
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Шпанскиот фудбалски тренер Пеп Гвардиола својата најразочарувачка сезона на клупата на Барселона ја имаше во четвртата година од својот престој во Барса, а сега тој четврта сезона го води Манчестер сити и повторно не му оди.

– Денот кога го видов изгаснат жарот во очите на моите фудбалери, знаев дека е време да си заминам – рече Гвардиола во 2012 година кога ја напушти Барса.

Нешто слично му се случува и сега во Сити. Резултатите на тимот се незадоволителни, Ливерпул им бега осум бода, загубија од скромни екипи како Норвич и Вулверхемптон, „граѓаните“ не делуваат како моќна машина која во Премиерлигата освојува речиси 100 бода. Ако продолжи рано да испаѓа од ЛШ и ја загуби титулата во Англија, ова може да биде последна сезона за каталонскиот стручњак на клупата на Сити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...