Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сподели како се чувствува и што очекува од последните натпревари на својот тим и Ливерпул, кои ќе одлучат кој ќе ја освои титулата во Англија.
– Многу сум среќен. Воопшто не сум нервозен. Бев загрижен пред натпреварот со Ливерпул на „Етихад“, кога заостанувавме со 7 поени, пет месеци пред крајот на турнирот. Но сега не, воопшто. Спиев како бебе – изјави Гвардиола.
Во однос на тоа што ќе им порача на играчите пред натпреварот, Каталонецот вели: „Излезете и играјте така, како во последните две сезони. Бидете тоа што сте и запомнете: без разлика што се случува, вие сте неверојатни“.