Гвардиола: По паузата, игравме лошо

67
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола по нерешените 1:1 со Аталанта синоќа во во 4. коло од Лигата на шампионите, нагласи дека тимот играл полошо во второто полувреме отколку во првото.

– Фудбалот е емоција. Ако само го постигнавме вториот гол пред крајот на првото полувреме … По паузата, игравме лошо, многу полошо отколку во првото полувреме. Ова понекогаш се случува. Сепак, се спротивставивме на најефикасниот тим во Италија. Во ЛШ треба да ги искористите вашите шанси. Сепак на крајот поминавме добро. Прашајте кој било италијански тим како е да играте против Аталанта – посочи Гвардиола.

Манчестер сити останува лидер во Ц-групата со 10 бода, Шахтар и Динамо Загреб имаат по пет, Аталанта е поселдна со еден бод.

ФОТО: EPA / PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...