Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вчеравечер постави рекорд во Премиер лигата, откако неговиот тим го совлада Шефилд јунајтед во натпреварот од 20. Коло со 2:0.
За Шпанецот ова беше стотата победа во англиското првенство. За да стигна до оваа бројка му беа потребни само 134 натпревари. Ова е најдобриот резултат во историјата на англиската Премиер лига.
Претходното ваквото достигнување беше 142 натпревари и му припаѓаше на Жозе Мурињо (Челзи).
По Гвариола и Мурињо следуваат Јирген Клоп (Ливерпул, 159 натпревари) и Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед, 162 натпревари).