Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, по пресврт-победата над Шалке во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (3:2), забележа дека тимот покажа неверојатен карактер.
„Граѓаните” по првото полувреме губеа со 2:1, во второто полувреме остана и со играч помалку, но на крајот излегоа како победници.
– Почнавме многу добро, но сепак направивме некои грешки што не смеат да се случуваат на вакво натпреварување. Сепак, во вториот дел покажавме неверојатен карактер и индивидуални квалитети. Тоа се големите играчи кои победуваат на вакви натпревари – изјави Шпанецот.
Реваншот е на 13 март во Манчестер.