Манчестер Сити не треба да жали ако не успее да ја одбрани титулата, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ се вратија на чело на Премиер лигата по серија нерешени резултати на Ливерпул и имаат бод повеќе од „црвените“, но битката за титулата ќе ма до последното коло.
Гвардиола сепак смета дека што и да се случи во текот на оваа сезона, неговиот тим игра подобар фудбал од претходната и фудбалерите се справуваат исклучително добро.
– Во однос на играта, играме многу посилно отколку во минатата кампања. Секој знае што да прави, ние си помагаме и се бориме. Секако може да не успееме да станеме шампиони, но не треба да жалиме. Знам дека кај нас најважно е првото место, а кога си втор, ти си губитник, но невозможно е да гледам така на момчињата, дури и да не ја освоиме титулата. Не можам да кажам за нив дека не се бореле и не се добри спортисти, предвид она што го прават во текот на сезоната – вели тој.
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL