Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, одби да ги коментира шпекулациите за можното враќање на Нејмар во каталонскиот клуб.
Бразилецот може да биде дел од Каталонците вќе ова лето.
– Нема да кажам ништо за Нејмар, ова не е моја работа, тоа си е работа на Барселона. Поминав многу време во овој клуб, па не сакам било какво мислење да биде погрешно протолкувано – изјави Гвардиола.
На прашањето дали Нејмар и Гризман се компатибилни шпанскиот стручњак вака одговори:
– Сето тоа зависи од замислата на тренерот. Добрите играчи се секогаш добредојдени во добри тимови, а такви се наведените двајца.
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL