Гвардиола им ја забрани божикната прослава на фудбалерите на Сити

Гвардиола не сака да му се повтори ланскиот случај кога за време на празниците, тимот бележеше слаби резултати, според тренерот, поради опуштеност и претерано славење.

160
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Фудбалерите на Манчестер сити не присуствуваа на клупската прослава на Божик, бидејќи тоа им го забрани тренерот Пеп Гвардиола.

Гвардиола не сака да му се повтори ланскиот случај кога за време на празниците, тимот бележеше слаби резултати, според тренерот, поради опуштеност и претерано славење. Прославата на Сити мораше да биде без играчите од првиот тим, кои се подготвуваат за неделниот дуел со Арсенал.

Во клубот има повеќе од 400 вработени, па Гвардиола им ја скрати можноста да се дружат со фудбалерите. Во моментов тимот има дури 14 бода помалку од Ливерпул, со речиси загубени шанси за одбрана на титулата во Премиерлигата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...