Во радиоемисијата на италијанското радио Каподистри, Ларис Гајсер, новинарот од италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека очекувал лицата чии гласови се слушаат на објавените аудио снимки да негираат дека се работи за нив, пренесе порталот Република.
– Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив. Се стравуваше дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме – вели Гајсер.
Тој коментира дека политичката кариера на премиерот Зоран Заев е готова.