Гајзер: Имам уште детали за „Рекет“

Во изјава за агенцијата „Танјуг“, новинарот од италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека поседува уште материјали и оти ќе објави нови детали ќе објави ако македонските истражни органи не си ја завршат работата.

2019

Новинарот од италијанскиот весник „Ла Верита“, Ларис Гајзер, кој ги обелодени снимките за случајот „Рекет“, во изјава за агенцијата „Танјуг“ вели дека поседува уште материјали и оти ќе објави нови детали ќе објави ако македонските истражни органи не си ја завршат работата.

Гајсер додал дека материјалите кои ја докажуваат аферата ги објавил дури откако добил потврда дека ги поседува и македонското обвинителство и оти постои сомнеж дека ги уништува.

– Бев против објавување на овие информации, со кои располагавме, сѐ додека не се уверив дека истите материјали ги поседува и правосудниот систем во Македонија. Тогаш, во „Ла Верита“ одлучивме да ги објавиме за да покажеме дека правниот систем таму ништо не работи и оти веројатно брише докази – изјавил Гајзер, кој деновиве учествувал на стратешкиот форум на Блед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...