Разочарани сме и ние и граѓаните од поделбата на Беса, но ако покажеме добри резултати со нашата работа во Владата, Беса ќе стане прв избор на Албанците, вели Африм Гаши, претседател на едно од крилата на движењето Беса, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој вели дека соработката со ДУИ во Владата ќе биде тешка, а се надева и дека нивната партија во Собрание ќе расте.
Што се однесува до пратениците дали останувате на овие тројца или може да ви се приклучат и останатите двајца?
Ние би сакале нашата пратеничка група да расте. Ние сме отворени за сите пратеници кои мислат и веруваат во нашите принципи кои сме ги прокламирале јавно. Ако тие пратеници кои за еден момент помислија дека тоа не е најдобриот одговор, денеска ако мислат поинаку секако дека нашите врати се отворени?
Каква очекувате да биде вашата соработка со ДУИ во таа коалиција? Има ли тука простор за компромиси?
Ќе биде многу тешко. Веруваме дека ќе направат сè да нè опструираат. Сепак, ова е моја предрасуда, би сакал тоа да не е вистина, би сакал секој да ја работи својата работа. Ние водиме Министерство за култура, а сигурно ќе бидеме присутни и во другите министерства со пониски ешалони. Сакаме да го имплементираме тоа што го зборувавме, не би сакале да се судруваме со никого. Нашиот пристап кон ДУИ и кон СДСМ е во насока на тоа што ни престанува можноста да ги критикуваме, но ни е отворена многу голема можност да покажеме дека сме многу подобри од нив.
Целото интервју со Африм Гаши од Беса може да го погледнете во видео снимката ТУКА.