Илинден е ден што треба да ги обедини сите граѓани во земјава кон заедничкиот празник на државноста, посочува во писмената изјава до граѓаните лидерот на Движењето Беса Африм Гаши.
„Илинден и собирот во АСНОМ се меѓу најзначајните столбови на државата Македонија. Тие се датуми кои чукаат во колективната меморија дека денешната држава е плод на обидите на нашите предци, кои заеднички се бореа за овој успех. Сега пред нас доаѓа едно ново искушение – референдумот за интеграција – кој ќе биде нашиот тест пред младите генерации“, посочува Гаши, честитајќи го Илинден.