Јас сум Албанец, но многу ми е битно како ќе се вика државата и сакам да се видам себеси во името, симболите и химната на државата, изјави Африм Гаши од БЕСА на дебатата „За името се работи“, во организација на ЦИВИЛ.
– Јас мислам дека името треба да биде прифатливо за сите граѓани на државата. Имам чувство дека овој дијалог не сме го отвориле до крај како што треба. Мое чувство е дека македонската заедница како најголема и најбитна, се однесуваше игнорантски кон другите заедници… Јас никогаш не би прифатил да се реши името на штета на моите сограѓани… Многу е битно ние како граѓани во оваа држава од различни заедници да имаме име на држава каде сите ќе се видиме себеси и ќе ја чувствуваме таа држава како наша. Од таа точка спорот со Грција може да добие друга димензија – изјави Гаши.
Според Гаши, додека не се решат внатрешните конфликти, потешко ќе биде решавањето на спорот со Грција.