Универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, е предлогот на лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде новиот министер за култура на местото на Асаф Адеми, кој си поднесе оставка поради здравствени причини. Од Алтернатива за Плусинфо велат дека чекаат потврда од Заев, дали Исмаили ќе седне во ресорот култура.
Како што веќе објавивме Алтернатива го задржа ресорот култура.
Исмаили се образувал во Тузла и моментално е професор на Медицински факултет во земјава.
Премиерот Зоран Заев денеска треба да достави предлози за нови министри и во други ресори каде ќе има промени.