Вардар сезонава има три победи и две нерешени средби во петте досегашни натпревари, а голманот Филип Гачевски се надева дека вечерва ќе биде остварен четвртиот триумф во првенството.
– Играме дерби против Работнички, градско дерби кое што сметам дека ќе го одлучуваат повторно ситници после минатите натпревари. Работнички е екипа за респект, загубија минатото коло и сега сигурно ќе сакаат да се поправат. Меѓутоа нашата цел е три бода и ќе дадеме се од себе да ја исполниме. Атмосферата во екипата е одлична, и сите сме подготвени за уште еден триумф – изјави Гачевски за клупскиот сајт.
Натпреварот со кој ќе биде отворено 6.коло во ПМФЛ ќе се игра со почеток во 19 часот на „Филип Втори“ во Скопје.