Гасоводот го проби Водно до Гостивар ќе стигне до крајот на годинава

Делот од гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е во должина од 78 километри плус поврзувањето кон Тетово во износ од 10 километри. на гасоводот работи кумановската компанија „Рапид Билд“ , а вреноста на градежните работи е околу 29 милиони евра.

857

Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар ќе го фати рокот на завршување до крајот на годината, а делот на гасоводот од Неготино до Битола може да биде завршен и пред рокот, првиот квартал од следната година, убедува директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи.

– Интензивирани се работите на делницата Скопје-Тетово која е изградена над 50 отсто. Се работи истовремено на повеќе точки. До Тетово имаме обврска да завршиме мал дел од експропријацијата околу 5-6 отсто, а веќе се одвива и експропријацијата за делот кон Гостивар. И таму верувам оваа активност ќе оди брзо, а тресата ќе биде завршена до крајот на годината како што е планирано, можеби и порано – вели Реџепи.

Делот од оваа траса кој беше спорен за граѓанските активисти на Водно, според Реџепи, е веќе завршен и се работи последниот километар.

– На Водно веќе сме готови. Пробиени се 95 отсто од трасата и се поставени цевките. Моментално се работи на еден километар. Овој дел од трасата е 9,3 километри и очекувам да биде завршен до август- вели Реџепи.

Тој појаснува дека истовремено се работи и на делот Хиподром -Трубарево каде што треба да се поврзе овој дел од гасоводот со веќе изградениот гасовод на компанијата ГА-МА.

Делот од гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е во должина од 78 километри плус поврзувањето кон Тетово во износ од 10 километри. на гасоводот работи кумановската компанија „Рапид Билд“, а вредноста на градежните работи е околу 29 милиони евра.

Втората траса од гасоводот Неготино- Кавадарци- Битола во должина од 92 километри е реализирана со 55 отсто. На трасата работи кумановската фирма „Рапид Билд“и скопски „Гранит“. Овој дел од гасоводот ќе чини 37 милиони евра.

Овој дел од гасоводот, според директорот на МЕР Реџепи, ќе биде завршен пред рокот кој е првата половина од следната година. На овој дел има проблеми со експропријацијата. Имено за неколку површини постапката за експропријација е пред Управниот суд.

Главен приоритет во овој дел од гасоводот, како што вели Реџепи, е приклучувањето на компанијата „Фени“ која ќе годишно ќе троши 100 милиони метри кубни гас, но има голем интерес од компаниите во Пелагонискиот регион.

И премиерот Зоран Заев на денешната Меѓунардона енергетска конференција шрто се одржува во Струга изјави дека гасоводите и гасоводните системи се одвива со добро темпо. Тој информира дека дел од општините веќе имаат подготвено документација за изградба на дистрибутивните системи на природен гас, а во финална фаза влегува и процесот на изградба на интерконективно поврзување со гасоводниот систем на Грција.

– Со тоа добиваме уште една можност за снабдување со природен гас од Азербејџан и истовремено и можност за поврзување со природен гас – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...