„Гардијан“: „Сопранови“ е најдобра ТВ серија на 21. век

139
ФОТО: Ејч-Би-О

Британски „Гардијан“ објави листа од 100 најдобри телевизиски серии на 21. век досега, а на врвот се најде „Сопранови˝ (1999 – 2007).

Ова американско ТВ-шоу го следи животот на Тони Сопрано – шеф на италијанско-американски мафијашки клан, како и на неговите соработници и семејството. Серијата има добиено стотици награди. Главната улога ја глуми Џејмс Гандолфини.

На второ место е серијата „Жица“ (The Wire) , а потоа следат „Маркетинг директори“(Mad Men), „The Thick of It“ , „На лош пат“ (Breaking Bad) , британската серија „Канцеларија“ (The Office), а на седмо место се најде „Игра на престолите“ (Game of Thrones).

Според изборот на шест критичари, „Твин Пикс: Враќање“ (Twin Peaks: The Return) е на  22. место, Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale)е на 25-то, „Убиство˝ на 28-мо, „Доктор Ху“ (Doctor Who) на 46-то, „Даунтонска опатија“ (Downton Abbey) на 50-то, а „Сексот и градот“ (Sex and the City)е на 57. место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...