Полицијата интервенирала на повик на граѓаните поради вревата која се слушала од станот на поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон и неговата партнерка Кери Симондс, пренесува Гардијан.
Полицијата во петокот дошла кај Џонсон, бидејќи соседите пријавиле гласна расправија со врескање, викање, и удирање од неговиот стан.
Соседите на новинарите им рекле дека слушнале врескање од жената, на Џонсон му рекла: „Тргни се од мене, излегувај од мојот стан“, а рекле и дека Џонсон го одбил тоа и барал да му го остави неговиот лап топ.
Потоа ја слушнале Симондс која вели дека Џонсон со вино ја уништил нејзината софа и дека не ѝ е грижа ниту за пари, ниту за било што друго.
EPA-ANDY-RAIN