Гаранцијата на Мијалков од еден милион евра вратена за да се комплетира

2313

Гаранцијата од еден милион евра која ја нуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за да излезе од притвор е вратена на адвокатскиот тим за да ја комплетира документацијата.

Потоа, за предлогот на Мијалков и СЈО ќе треба да даде мислење пред судот да ја донесе одлуката дали тој ќе се брани од слобода или ќе остане во затворот во Шуто Оризари.

Поранешниот прв човек на тајната полиција се наоѓа во притвор како осомничен во предметот „Империја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...