Политичарката и поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, се огласи со коментар на социјалните мрежи за слоганот „Macedonia the GReat“, кој го промовираше грчкиот премиер, Кирјаков Мицотакис.
„Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија“, напиша Цветановска на Твитер.
Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија. pic.twitter.com/gxf2afKWJI
— Ganka Cvetanova (@gankacv) November 17, 2019
Здружението на извозници на Грција, пред три дена во Солун, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги промовираше оваа ознака и слоган со кои грчките производи ќе бидат проследени на меѓународно ниво. Нови колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија се слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина.
По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет“.