Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

88

До крајот на декември ќе потечат првите количини гас преку Турски поток, најави заменикот на извршниот директор на Газпром, Олег Аксјутин.

– Очекуваме испораките на гас преку Турски поток да почнат до 31 декември. Очекуваме во ноември да бидеме целосно подготвени, така што наша цел е последниот дел од декември – рече тој.

Проектот Турски поток предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција.

Испораката на гас преку првиот крак на гасоводот би требало да го задоволи растечкиот турски пазар, а преку другиот крак, како што е планирано, гас би требало да се испорачува до земјите од јужна и југоисточна Европа.

Газпром гледа на Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија како на потенцијални пазари.

Турски поток е мегапроект кој го сочинуваат два краци гасовод, со кој рускиот гас ќе биде испорачуван во Турција, а преку неа и во Европа.

Двата краци имаат капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...