Гази Баба ќе плаќа за обезбедувањето на сите училишта во општината

249

Во сите 11 основни училишта и две градинки во Општина Гази Баба, од 15 април почнува физичкото обезбедување со пари од општинскиот буџет, информира Општината.

– На иницијатива на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, родителите се ослободуваат од плаќање на обезбедувањето во образовните институции и целиот износ од 4 милиони денари ќе ги покрива Општината од сопствениот буџет, со цел сите деца да бидат безбедни 24 часа, со физичко и патролно обезбедување, соопшто Општината.

Георгиевски по потпишувањето на договорите, пред директорите на градинките и основните училишта и членовите од агенциите за обезбедување посочи дека многу е важно родителите да знаат дека нивните деца се безбедни додека се на настава.

– Од големо значење е да се обезбеди и унапреди безбедноста во установите каде престојуваат најмладите. Да бидат безбедни додека се таму, а да бидат сигурни и сите материјали, опрема и инвентар кои им се потребни за работа и учење, затоа што во минатиот период бевме сведоци на честите кражби во образовните институции – рече Георгиевски.

Училиштата и градинките ќе ги обезбедуваат здружено три агенции и тоа Сокол, Вис и Екот гарт.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...