Гага: Посакувам неделата на гордоста да е 365 дена во годината

439
ФОТО: EPA / WARREN TODA

Лејди Гага со свој говор за неделата на гордоста. Таа нагласила дека многу е важно да се прашат луѓето како сакаат да им се обраќаме, како и неопходноста од геј парадата. Ја спомнала и активистката Марша П. Џонсон, која ја фрлила првата тула која ги започнала немирите во Стоунвол во 1969 година.

– Недела на гордоста е. Посакувам да постои 365 дена во годината, но добро е и една седмица. На 28 јуни е 50 години од стоунвол. Да, тогаш нашата заедница рече доста е. Научив толку многу со годините од моите фанови. Се чувствувам благословено, благодарна сум што ми покажавте и што ме научивте. И научив нешто многу важно што би сакалa да го споделам со сите кои слушаат, не само тука, но секаде во светот. Постави го прашањето: „како да ти се обраќам?“. Бидејќи за многумина е доста тешко, не се почитувани и не се прашани, а за мене, јас пораснав и се сменив во текот на годините на многу различни начини – се чувствував погрешно разбрана на многу начини. Сите тешки патеки се различни, не сакам да споредувам, само сакам да кажам дека во ова сме заедно, јас имав милион причини да се откажам, а понекогаш ако имаш среќа, ти треба само една добра причина за да продолжиш – кажала пејачката.

ФОТО: EPA / WARREN TODA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...