На патеката пред Македонската радио телевизија и Скопски саем, претстојниов викенд ќе се одржи Авто кружна трка Скопје 2018 во организација на АКК Примо авј во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија.
Трката е дел од официјалниот календар за кружни патеки во домашниот шампионат, а се бодува и во календарот на ЦЕЗ (Централно Европска зона).
Официјалното отворање ќе биде в недела од 11 часот пред Судска палата, а старот на трката е закажан за в недела од 12 часот.
Тренинзите се предвидени за в сабота од 11 часот.
Се очекува учество на 35 домашни и 10 странски натпреварувачи.
ФОТО: Фејсбук