Вљубена преведувачка открила тајни од Пентагон на Хезболах

262

Министерството за правда на САД ја обвини преведувачката Маријам Таху Томпсон (61), која работела со договор за Пентагон, за ширење на информации за американските шпиони. Против неа е поднесена кривична пријава.

Според „Бизнис инсајдер“, таа ги доставила деталите за нивниот идентитет и методите на работа до странски државјанин за кој постои сомневање дека имал врски со милитантната група Хезболах. Таа наводно била вљубена во оваа личност.

„Компромитирајќи го идентитетот на овие луѓе, Томпсон го довела во опасност американскиот воен персонал“, се наведува во соопштението.

Сомнителната активност на компјутерот на Томпсон е забележана на 30 декември, еден ден откако Американците започнаа воздушни напади врз иранските сили во Ирак и истиот ден кога демонстранти упаднаа во американската амбасадата во Ирак.

Наводно Томпсон неколку пати пристапила до класифицирани информации на мрежата на Пентагон, иако немало потреба од тоа.

Се верува дека податоците ги праќала во период од шест недели, од 30 декември до 10 февруари. Во тој период, американскиот претседател Доналд Трамп даде дозвола за ликвидација на иранскиот генерал Касим Сујемани, што доведе до хаос во регионот.

Службеничката вкупно доставила 57 документи, кои содржат информации за осуммина разузнавачки службеници.

Предвидено е таа денес за првпат да се појави на суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...