Собирот на лидерите од Западен Балкан на прошталната вечера со досегашната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини помина во опуштена атмосфера.
Посебно расположен за шега бил српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува – рече Вучиќ.
Бакнеж од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика доби и претседателот на Црна Гора.
– Дали виде Мило тоа што јас го видов – го праша српскиот претседател својот црногорски колега.
На прошталната вечера присуствуваа претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи, премиерот на Македонија Зоран Заев и членови на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.