Вучиќ утре доаѓа на инаугурaцијата на Пендаровски

Покрај Вучиќ, присуство на инаугурацијата потврдија и претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи.

1482

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.

Веднаш по победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател Александар Вучиќ му упати честитка по повод изборот за претседател.

„Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји“, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.

Покрај Вучиќ, присуство на инаугурацијата потврдија и претседателите на Бугарија, Албанија и Косово, Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...