Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет.
Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Целта на процесот Брдо-Бриони е да ги собере лидерите на Западен Балкан, како и оние на Словенија и на Хрватска, за да се зацврсти политичкиот дијалог и да се зголеми нивото на доверба за решавање на билатералните и на регионалните спорови.
Брдо-Бриони самитот во Скопје е еден вид подготовка на самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија.