Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на почетокот на заедничката прес конференција со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, во Белград, му рече дека не му треба превод за неговиот говор оти сѐ разбира.
– Ма, Стево што ќе ти е превод, сѐ знаеш – му рече Вучиќ на Пендаровски на што двајцата претседатели и присутните се насмеаја.