Вучиќ: Советникот на Заев крадеше гаќи во Америка

4096

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера обвини дека Зоран Башановиќ, специјалниот советник на македонскиот премиер Зоран Заев, крадел гаќи кога бил во Америка.

Ова Вучиќ го изјави на прес-конференција по синоќешниот упад во РТС, а додаде и дека група криминалци кои Србија ги протерала, сега работи во Скопје.

Инаку, Башановиќ е надворешен соработник за економски прашања на премиерот  Заев.

– Па има група криминалци од тука, од Белград, која сака да работи во Скопје. Бандити кои ние ги протеравме од тука. Од Саша Мирковиќ, Башановиќ. Сите докажани криминалци. Овој крадеше гаќи во трговски центар во Америка и така натаму. Сега е голем советник и е многу важен а за другиот не сакам ниту да зборувам – изјави Вучиќ.

Медиумите во регионот за специјалниот советник  Башановиќ, пишуваат дека е контроверзна личност.Тој е познат естраден менаџер на турбо-фолк сцената во  Србија, а бил и член на главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ. Во српските медиуми токму естрадните ѕвезди изнесуваа обвинувања дека е манипулатор и измамник.

Откако Башановиќ стана советник на премиерот на пишувањата реагираше и македонската влада изразувајќи жалење поради негативната кампања.

Вучиќ на вчерашната прес конференција рече и дека предводниците на протестите во Белград се големи пријатели на Зоран Заев, како и затворската казна на Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.

– Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент?Големиот пријател на тајкуните Џилас и Јеремиќ, Зоран Заев се пофали како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира –  рече Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...