Вучиќ по упадот во РТС го спомна Чавков, а Заев го нарече голем пријател на Ѓилас и Јеремиќ

4739

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на пладне имаше вонредно обраќање откако синоќа демонстранти упаднаа во РТС барајќи да се врати телевизијата на народот бидејќи националниот сервис не известува за протестите.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој ги спомена предводниците на протестите како големи пријатели на Зоран Заев, како и затворската казна на Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.

– Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Џилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира –  рече Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...