Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека никој ништо не му нуди на Белград во врска со косовското прашање, освен да го признае Косово во рамките на границите признати од западните земји.
Како што јави дописникот на МИА, на информацијата дека специјалниот претставник на претседателот на САД за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, експлицитно барал признавање на Косово, а за возврат понудил инвестиции, Вучиќ рече дека имал позитивен и добар разговор со него и дека нема да одговори на претпоставките што се појавуваат во јавноста.
– Мислите дека некој друг ни понуди нешто друго, бидејќи слушам приказни за тоа како поделбата е предавство…? Никој не ни нуди ништо друго освен да го признаеме независно Косово како целина во рамките на границите на независно Косово – изјави Вучиќ.
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER