Вучиќ: Не се мешаме, поддржуваме секаков договор меѓу Скопје и Атина

345

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина.

Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полициската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со договорот меѓу Атина и Скопје за идното име на македонската држава, Вучиќ истакна дека тоа се внатрешни прашања, во кои тие не се мешаат.

– Ние не се мешаме во внатрешните односи и сакаме ова прашање мирно да се реши – истакна Вучиќ.

Српските медиуми пренесувајќи ја оваа изјава на Вучиќ пишуваат дека премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се согласиле дека името на македонската држава ќе биде Република Северна Македонија, а македонскиот претседател одбил да го потпише договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...