Смедеревската железара беше борба за која мислев дека нема да ја истуркаме. Илјадници часови работа е вложено во тоа и јас тој ден сакав да ја споделам мојата радост бидејќи спасивме 5.000 луѓе и железарата за која требаше да платиме 100 милиони евра само да ја уништиме и да останеме без ништо … Ама на некој тоа му пречело.
Вака утрово рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи во утринска програма на ТВ Прва.
Вучиќ додал дека некој не можел да поднесе тој да кажува добри и убави вести, па одговорил со коментари и навреди кон неговите деца.
– На мојот син Данил му се закануваа со смрт, а на ќерката Милица со силување. Како таа се справува со тоа? На Милица не мора премногу да ѝ објаснувате. Таа е јака, таа знае … или само добро ги крие емоциите. Секогаш мислев дека сум добар психолог, но … Што би направил вашиот татко ако некој вас ви го каже тоа – рекол Вучиќ.
Според него, станувало збор за политичка омраза.
Тој додал оти нема татко кого не би го повредиле закани со смрт или силување на ќерката. Го погодиле и него, но истакнал дека неговата работа е да ја води земјата.
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC