Вучиќ: Мислев Милица е најјака од сите нас, неа ја следат, а Данило го сликаат странски разузнавачи

1444
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Јас сум горд на моите деца, бескрајно сум среќен што ги имам и многу ги сакам. Вака рекол утрово претседателот на Србија, Александар Вучиќ во живо на утринска програма.

Тој се осврнал на заканите, нападите и навредите упатени кон неговите деца и семејството.

– Верувам дека ќе бидат добри и чесни луѓе, а дали ќе бидат успешни, тоа само од нив зависи – додал Вучиќ.

Отикрил дека мислел оти од сите членови на семејството Вучиќ, најјака била неговата ќерка Милица. Како дете никогаш ја немал видено да заплаче, што смета било многу чудно за девојче.

– Беше второ одделение и некое момче од петто одделение и кажало нешто лошо за мене. Таа со тупаница го удрила, иако не тренираше боречки вештини, ами пливање, па немаше од кого да го види тоа, ниту некој ја учеше на тоа. Му кажала „ако уште еднаш кажеш нешто лошо за мојот татко…“. Тогаш сфатив колку всушност е приврзана за мене – раскажал Вучиќ.

Тој додал дека пред некој ден, веројатно бидејќи се и се насобрало, заплакала.

– Таа е многу јака. До пред два-три дена мислев дека е најјака во семејството Вучиќ. Тогаш ја прашав дали најде некои работи во ранецот и почна да плаче. На 17 години ја видов како плаче, а потоа ми рече дека некои други работи ја растажиле. Таа е од модерната генерација, по цел ден е на социјалните мрежи, таа гледа. Мене баш ми е гајле што таму пишува, јас не следам – открил Вучиќ.

Претседателот на Србија кажал и дека луѓето го вреѓаат неговиот син Данило, рекле оти е невоспитан, а тој прашува дали би се сложиле со тоа кога би го запознале.

Се осврнал и на новите навреди на социјалните мрежи на темата како „Вукан не е негово дете“.

За Данило се зборувало и дека е бизнисмен, фудбалски менаџер, а тој уствари работел како обичен работник.

Вучиќ открил дека дознал оти странски разузнавачи му ја следат ќерката Милица, а синот Данило го сликале на работно место на кое работи како обичен работник за плата од 500 евра.

Претседателот на Србија ги отфрлил тврдењата од социјалните мрежи дека тој, од политички причини, ги организирал заканите кон неговата ќерка.

– Јас ширев приказна за силување на сопственото дете? Па зошто тогаш сакате да разговарате со мене, со таков монструм – завршил тој.

Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...