Вучиќ и Нетанјаху седеа до Путин на парадата во Москва – Русија ја покажа новата воена моќ (ВИДЕО)

На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена парада по повод 9 мај, Ден на победата над фашизмот.

1177

На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена парада по повод 9 мај, Ден на победата над фашизмот.

Русија ја прикажа својата воена сила на традиционалната парада на московскиот црвен плоштад, а повод е одбележувањето на Денот на победата над фашизмот. На парадата, седнати до претседателот на Русија, Владимир Путин, парадата ја следеа и српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Израел Нетанјаху, но и потоа беа за сето време во друштво на Путин.

– Нашите луѓе се бореа до смрт. Ниту една држава не се соочи со таква инвазија – рече Путин, зборувајќи пред воените ветерани и околу 13.000 војници, кои маршираа во спектакуларната парада на 73 годишницата од победата над фашизмот.

Поголемиот дел од новите оружја со кои Путин се гордее беа успешно тестирани во Сирија, а меѓу нив е и тенк кој се управува со помош на далечински управувач.


За време на парадата прикажани се 159 видови на најмодерно оружје, како и 75 авиони, меѓу кои и суперсоничниот MG-31 со нови прецизни проектили.

Воените дронови, односно роботи за деминирање веќе се користени во војната во Сирија.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...