Српскиот претседател Александар Вучиќ иако, како што рече на денешната прес-конференција во Белград, не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, ја прокоментира и македонската афера „Рекет“.
– Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица – изјави Вучиќ.