Вучиќ: Западен Балкан ѝ е потребен на ЕУ, колку што е ЕУ на регионот

Кога мислите дека сте на врвот на моќта, кога уживате во свои бањи, фонтани…тогаш не забележувате колку некои други се гладни, жедни, и колку го сакаат тој простор и се друго, изјави Вучиќ.

140
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Оној кој не гледа дека регионот ѝ е еднакво потребен на Европската унија, колку таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата посветена на западен Балкан во Женева.

– Кога мислите дека сте на врвот на моќта, кога уживате во свои бањи, фонтани…тогаш не забележувате колку некои други се гладни, жедни, и колку го сакаат тој простор и се друго – изјави Вучиќ.

Тој вели дека не го разбира сосема ставот на ЕУ дека десет земји од Еврозоната наводно издржуваат уште 17 земји, кои се членки на ЕУ, па тоа го користат како аргумент дека не им се потребни уште четири, пет или шест земји од Западен Балкан.

Сепак, Вучиќ оцени дека не треба да ѝ држиме предавања на Европа и оти во прашање е нивна одлука, а дека тој е подготвен пред српските пратеници да зборува за она што се случува во Европа и светот.

Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...