Вуцис: Слоганот „Македонија е една и грчка“ е иредентистички

365

Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис смета дека слоганот „Македонија е една и грчка“ што се слушаше на протестите во Грција е „доста иредентистички слоган“, јави дописничката на МИА од Атина

Говорејќи на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, Вуцис рече дека опозициските партии како Нова демократија, но и ПАСОК се служеле со трик во изминатите месеци и не се обиделе да го  разграничат ставот за сложено име со географска одредница ерга омнес, од ставот изразен на протестите „никогаш и никаде да не се користи терминот Македонија, бидејќи Македонија е една и грчка.

Претседателот на грчкиот Парламент рече дека Договорот од Преспа е историски и од голема важност.

– Тоа е историски договор за Балканот, за Европската унија кој нишајќи се ја бара својата улога и односот со Балканот, за улогата на Балканот во целост во блиска иднина и перспективата во рамките на Европска унија која треба да го најде својот чекор во насоката што сакаме. Тоа е историски договор за стабилноста во регионот, за илјада други причини, не само за нашите национални интереси. Во оваа смисла е историски договор што има многу голема важност – рече Вуцис.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...