Вулин: Скопје е центар на разузнавачките дејности против Србија

539

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, го обвини Скопје дека е центар за разузнавање, каде се подготвуваат сите активност против Србија и актуелната српска власт.

– Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион – изјави Вулин за „Новости“.

Реакцијата на Вулин доаѓа по средбата на македонскиот премиер Зоран Заев и лидерот на Сојуз за Србија Драган Ѓилас во Скопје.

-Цврстиот став на претседателот Вучиќ, дека Србија нема да ја прифати власта на амбасадорите го доведоа да биде постојано изложен на нападите на службите. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ – вели Вулин.

Еден од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) Драган Ѓилас вчера во Скопје остварил средба со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на која разговарале за ситуацијата во регионот, соопшти СзС, нагласувајќи дека средбата се остварила на повик на Заев.

Како што се наведува во соопштението, Драган Ѓилас и Заев ја нагласиле важноста на напорите и на власта и на опозицијата, за унапредување на односите меѓу двете земји и двата пријателски народа.

Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности, двајцата договориле соработка меѓу СДСМ и организацијата која Ѓилас ќе ја формира во следниот период.

Ѓилас му честитал на Заев за постигнатиот историски договор со Грција, нагласувајќи дека заслужено се нашол меѓу предложените кандидати за Нобелова награда за мир, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас.

Исто така, Ѓилас го запознал Заев и со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните протести во земјата, се додава во соопштението на СзС.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...