Вулин: Ако Пендаровски молчи за „голема Албанија“, нека молчи и за Србија

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин остро реагираше на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во петокот, дека идејата за корекција на границите помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна. 

707

– Ако идејата за разграничување е „грозна и недостојна за 21 век“, тогаш Пендаровски би можел да го повлече признавањето на Косово од почетокот на 21 век или да ја осуди НАТО агресијата која доведе до етничко чистење на Србите од Косово и Метохија – изјавил Вулин, пренесуваат медиумите од регионот.

Вулин рече дека Пендаровски ѝ должи на Србија почитување, а на сопствениот народ изјава за тоа што мисли за идејата на Тачи и за обединување на Албанците во „голема Албанија“.

– Белким Пендаровском забележал дека на мапата на „голема Албанија“ е половина од Северна Македонија. Ако молчи за голема Албанија, нека молчи и за Србија – изјави Вулин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...