Полицаецот со непристојното однесување кон новинарите додека го изнесуваа Бојан Јовановски Боки 13 од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција експерсно е суспендиран, велат од управата на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.
– Против него ќе биде покрената и дисциплинска постапка – велат оттаму додавајќи дека нема да толерираат непристојно однесување кон новинарите или кого било, пред сѐ, од службеници во униформа.
Вулгарниот потег на полицаецот го улови камерата на Телма ТВ.