Втори во Европа по смртност на новороденчињата, трети одзади по писменост

Во својата изјава по повод светскиот ден на детето-20.ноември, претставникот на УНИЦЕФ г.Бенџамин Перкс вели: „по стапката на смртност на новороденчиња сме втори во Европа, 28 насто од сите деца во земјата живеат во сиромаштија, само 1 од 300 сиромашни деца во земјата посетуваат предучилишно образование, а 2 од 3 деца одат во средно училиште. Според Програмата за меѓународно оценување на учениците (PISA), нашата земја е на 67 место од 70 земји“.

295

Денеска е светски ден на детето. По овој повод претставникот на УНИЦЕФ г.Бенџамин Перкс испрати изјава до медиумите во која вели:

„Светскиот ден на детето – што се слави на 20 ноември – е глобален ден за акција „за децата“. Тој ден го славиме детството и размислуваме за огромната одговорност што ја имаме како општество да создаваме услови за нашите деца да просперираат и да го создадат светот во кој ние би сакале да живеат како возрасни во иднина.

Исто така размислуваме за многуте предизвици за децата во земјава, во однос на смртноста на новороденчињата, детската сиромаштија, загадувањето на воздухот и исходот од образованието. Според најновите податоци што се на располагање, по стапката на смртност на новороденчиња сме втори во Европа, 28 насто од сите деца во земјата живеат во сиромаштија, само 1 од 300 сиромашни деца во земјата посетуваат предучилишно образование, а 2 од 3 деца одат во средно училиште. Постои итна потреба да се подобри училишниот успех на децата зашто според податоците што ни се на располагање од меѓународните процени, како Програмата за меѓународно оценување на учениците (PISA), нашата земја е на 67 место од 70 земји.

Сепак, исто така сме сигурни дека со новите реформи што ги усвои владата, а кои ги поддржуваат ЕУ, Светската Банка, УНИЦЕФ и други партнери на ОН, како и граѓанското општество, ќе се подобри состојбата на децата во земјата. Во нив спаѓаат целта да се зголеми опфатноста на предучилишно образование за 50%, „Акцискиот план за секое новороденче“, кој има за цел да ја намали смртноста на новороденчињата и да обезбеди сите бебиња да опстанат и да се развиваат, воведувањето мерки за унапредување на основното и средното образование и реформа на системот за социјална заштита со цел да се изнајде подобро решение за детската сиромаштија.

Но, за да создадеме подобро утре за сите наши деца мора целото општество да вложи енергија и да се посвети. Затоа упатуваме апел до сите лидери и сите граѓани да сторат сѐ што можат за да создадат општество што навистина им одговара на децата.

Среќен Светски ден на детето!“

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...