Втора средба на заедничката експертска комисија меѓу Македонија и Бугарија

166

Втората средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи утре и задутре во Скопје.

На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.

Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија на која беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.

Средбата е согласно обврските за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...