Втора жртва од грипот е 85-годишен пациент, а 38-годишник се бори за живот на Инфективна клиника

Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од Клиниката за инфективни болести каде се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од грип.

671
20150131 Saturday 1446 infektivna klinika

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиника за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени. Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...