Вселенска патријаршија: Ќе сториме се што треба МПЦ да стане ОА

1118

Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската Патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина, ова б .

– Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх, соопштуваат од Вселенската Патријаршија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...