Вселенската Патријаршија вчера излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.
Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.
Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.
Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец.