Судскиот совет денеска ги избра Мирјана Лазарова-Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова за нови судии во Врховниот суд.
Лазарова-Трајковска е поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права и во Уставниот суд. Сафет Кадрии доаѓа од функцијата судија во Апелациониот суд Скопје, Наке Георгиев од претседател на Апелација Штип и Лидија Мартинова од судија во Скопска апелација.
Судскиот совет, на денешната седница избра и 13 судии во Основните судови, од кои 11 од Академијата за судии и јавни обвинители.