Врховниот судија на Венецуела побара да му се одземе имунитетот на Гуаидо

245
ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Врховниот судија на Венецуела, Мајкел Морено ги повика провладините пратеници да го одземат имунитетот од кривичното гонење на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Барањето кое судијата на Врховниот суд го поднесе вчера претставува преземање понатамошни чекори во прогонот на Гуаидо за наводни криминални активности. Морено побара од Националното уставотворно собрание, кое го поддржува претседателот Николас Мадуро, да го укине имунитетот што го има Гуаидо, како член на Националното собрание на Венецуела.

Официјални лица, лојални Мадуро претходно соопштија дека Гуаидо е под истрага поради поттикнување на насилство и примање незаконски средства.

Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела, што беше поддржано од околу 50 земји, меѓу кои и САД. Морено е политички сојузник на Мадуро.

ФОТО: EPA / WLADIMIR TORRES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...