Врховен одби да го пушти Миле Јанакиески од домашен притвор за Шпанските скали

376

Миле Јанакиески останува во домашен притвор за случајот за Шпанските скали. Покрај за него, жалбата е одбиена и за еден од бизнисмените обвинети во овој случај.

Од одбраната за Плусинфо потврдуваат дека добиле решение за одбивање на барањето за укинување на домашниот притвор со образложение дека во моментот кога одлучувале врховните судии нема решение дека истрагата за случајот е завршена.

Јавната седница во Врховен за жалбите за продолжениот притвор се одржа на 20-ти месецов.

Истрагата за случајот со Шпанските скали ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и во неа осомничени се единаесет лица меѓу кои и вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и др. Предметот се однесува на незаконитости во продажбата на четири атрактивни локации во центарот на Скопје, покрај Вардар, меѓу кои и локацијата каде требаше да се градат т.н. Шпански скали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...